Тајчи, сега веќе во далечната 1987-ма година, се појави на “Загреб фест” со песната Ноќ од кристали, и на тој начин успеа да освои многу обожаватели коишто во неа веднаш препознаа голема ѕвезда.
Буквално сите девојчиња во тие години посакаа розов фустан како оној на Тајчи, којшто таа го понесе на прочуениот настап во 1990-та година, кога го отпеа својот мегахит “Хајде да лудујемо” (“Ајде да лудуваме”) во комбинација со интересна кореографија.
Кажано кратко и јасно, Тајчи беше југословенската Мерилин Монро!
Хитот “Хајде да лудујемо” на Тајчи и донесе и победа на Југовизија, додека на Евровизија го освои 7-то место.
Со својот стајлинг, големата харизма и целокупната појава, Тајчи освои милионски аудиториум. А судејќи според нејзините фотографии на друштвените мрежи, таа денес и покрај годините се уште поседува одлична енергија.
Денес Тајчи (Татјана Матејаш Камерон) има 46 години и живее мирен семеен живот во САД, поточно во Лос Анџелес. Среќно е омажена, има три сина, а на друштвените мрежи често споделува семејни фотографии. Таа всушност после албумот “Бубе у глави” и почетокот на војната во поранешна Југославија, веднаш се пресели во САД, кадешто и го запозна пијанистот и композитор Метју Камерон, за кого се омажи во 2000-та година.
A photo posted by Tajci (@tajcicameron) on
Таа се занимава со духовна музика, но и активно пишува, а неодамна ја објави и својата прва книга.
A photo posted by Tajci (@tajcicameron) on