Категории

Преболете го поранешниот достоинствено

 Јасно е дека ако момчето ви раскине на непријатен начин, веројатно прво нешто што ќе во “падне“ на ум е да му направите сцена, но тоа нема да го направите бидејќи долгорочно ќе ви наштети вам.

Наместо да смислувате 100 начини како да му покажете како се чувствувате, попаметно е да се занимавате со себе.

Затоа денес ви нудиме неколку начини како да го “преживеете“ прекинот на врската на достоинствен начин.

# Немој да му се јавуваш…најмалку 90 дена или воопшто. Не те интересира ниту како е, нити што прави бидејќи не е повеќе важно.

Во овој период дај си време, односно стави се на пост бидејќи само така ќе прекинеш да чувствуваш нешто за него. Ако му се јавуваш и одржуваш контакт ќе добиеш лажна надеж поради која нема да можеш да продолжиш понатаму.

# Знај дека можеш подобро…ова треба да си го повторуваш секој ден. Ако веруваш дека постои момче кое е подобро од твоето големи се шансите дека ќе наидеш на таков.

Ако пак цело време си повторуваш дека тој е идеален, тешко дека ќе му дадеш шанса на некој нов.

# Фокусирај се на неговите мани…кога прекинуваме врска секогаш размислуваме за позитивните особини и го идеализираме поранешниот.

Наместо тоа почни да размислуваш за тоа што ти пречело кај него. Така ќе сфатиш дека не е идеален и дека заслужуваш подобар.

# Избегнувај ги социјалните мрежи…најверојатно имаш потреба на својот Facebook профил да ставиш срцепарателни песни со надеж дека тој ќе ги види и ќе сфати дека згрешил…

Но немој тоа да го правиш, со своето пасивно-агресивно однесување само ќе му дадеш важност. Игнорирај го во целост, а ако не можеш тогаш не го отворај својот профил на социјалните мрежи.

Прегледи:
313
Објавено на:
24.06.2016