Категории

Знаци за луѓето кои гледаат во мобилен кога поминуваат улица

Во светот се бележат сѐ повеќе несреќи во кои настрадуваат пешаците, поради тоа што не обрнуваат внимание на возилата, бидејќи погледот им е залепен за мобилниот телефон.

Владата во Сеул најави поставување на нови сообраќајни знаци кои ги предупредуваат пешаците за опасноста од користење на мобилен телефон додека поминуваат преку улицата.

Тие сообраќајни знаци наскоро ќе бидат поставени во престолнината на Јужна Кореја, а целната група на оваа кампања се пред сѐ децата, тинејџерите и младите, бидејќи тие најчесто користат мобилни телефони.

“Овој пилот проект ќе биде спроведен на пет места во градот, бидејќи на тие места настрадаа доста пешаци на возраст од 10 до 30 години”, пишува на веб страната на Владата на Сеул.

“Имам видено многу луѓе кои користат мобилни телефони додека одат или патуваат со јавен превоз, но мислам дека тоа не е проблем само во Кореја. Мислам дека истиот проблем го имаат и пешаците во Америка”, вели Џени Ли, која неколку години живеела во Сеул, а сега се преселила во Илиноис.

Користењето на мобилни телефони, односно пишувањето на пораки при одењето на улица, е навистина проблем со кој се соочуваат многу градови во Азија, Европа и Америка.

Во некои од градовите се започнати кампањи за да го зголемат вниманието на т.к.н смартфон зомбиња, кои претставуваат опасност за себе и за другите.

Прегледи:
413
Објавено на:
27.06.2016