Работите повеќе од 10 часа на ден? Имате потреба постојано да правите нешто? Тешко се релаксирате и цело време мислите на работа? Постојано сте под стрес, немате време за други активности, имате проблеми во комуникацијата со блиските и пријателите , не спиете добро? Силно се идентификувате со својата работа и таа станува ваш живот. Вие сте работохолик.
Живееме во култура која поттикнува работохоличарство. Тоа се доживува како тешка работа која треба да се вреднува и која ја има во секоја успешна компанија. Но, резултатите од бројни истражувања покажаа дека таквиот вид на луѓе не постигнуваат некои особено добри резултати. Ова не е само негативна особина, напротив, денес многу се ценат работохолиците, но ако во одреден момент станете преокупирани со работа, а вашиот семеен живот почнува да страда, тогаш имате проблем. Експертите овој проблем го опишуваат како семејна болест, која обично се пренесува од родител на дете, бидејќи луѓето кои многу работат најчесто сакаат да ги потиснат своите емоции. Кај овие луѓе нивото на адреналин се зголемува, како резултат на успехот во бизнисот, но потоа обично влегуваат во период на исцрпеност, нервоза, недостаток на доверба, анксиозност и депресија. Зависните од работа обично се толку зафатени со работата, што немаат време за семејството и пријателите.
Во денешно време општеството ги цени овие луѓе и тие обично се фалат со овој факт. Главниот проблем со кој се соочуваат луѓето зависни од работа е дека тие сметаат дека повеќе работа носи повеќе пари, а повеќе пари значат повеќе среќа. Се работи за еден маѓепсан круг кој генерално не носи задоволство. Експертите открија дека не постои никаква поврзаност меѓу работохоличарството и зголемената ефикасност и подобрата заработка. Наместо тоа, воочена е поврзаност со перфекционизмот, особина на личноста која може да предизвика бројни проблеми. Посветеноста на работата, велат експертите, е добра и позитивна работа, но работохоличарството не е воопшто корисно и луѓето тоа треба конечно да го сфатат. Потребно е само да балансирате помеѓу професионалниот и приватниот живот. Потоа сé ќе стане полесно. Време е за пауза!