Нелсон Пепе од Филипините работи на кокосова фарма и заработува само девет долари дневно.
Поради тоа што е слеп, неговата петгодишна ќерка Џени со помош на стап му помага да дојде до работното место.
Работните обврски на таткото се состојат од качување на кокосовите палми и берење на плодови. Во просек, таткото дневно се искачува на повеќе од педесетина стебла.
Сите ќе се согласиме со тоа дека родителската љубов е безусловна, но овие две видеа кои го покажуваат работниот ден на таткото и девојчето се уште еден доказ дека и децата знаат да возвратат со иста мерка.
https://www.youtube.com/watch?v=thVNRSBbejE
https://www.youtube.com/watch?v=nn3TA9atzv0