Категории

Знаете ли што значи бројот 501 на Левис фармерките? Дознајте во продолжение и за останати детали од вашите омилени фармерки…

Едни од најпознатите фармерки во светот, дефинитивно се оние на Леви Штраус.

И токму во врска со нив се поставени неколку прашања за кои многумина би сакале да добијат одговор.

По земјотресот во 1906 година кој го погоди Сан Франциско, седиштето и фабриката на Леви Штраус и неговиот партнер Јакоб Дејвид, се запалиле и изгореле. Таму се наоѓале сите документи и податоци во врска со бизнисот, па така многу детали и информации изгореле. Остана нејасно до денес што се крие зад познатиот “V” крој на задните џепови од фармерките.

Она што знаеме, е дека машките нитни наместо патент не се само од естетска причина, туку имаат и многу важна функција, што е всушност и причина зошто ги има на речиси сите фармерки без разлика на брендот и дизајнот. Рударите се жалеле во тоа време дека панталоните не им се издржливи, па откако Штраус и Дејвид ги зајакнале панталоните со бакарни навртки уште во 1829, тие ги патентирале овие фармерки кои станале врвна класика и „must have“ облека во сечија гардероба.

Многумина се прашуваат за што служи оној мал џеб на предната страна од панталоните и фармерките. Експертот за фармерки и текстил, Рената Јаношкова, цитирајќи го Леви Штраус, вели дека овој џеб е наменет за часовник.

“Многу оддамна околу 1800 година, каубоите носеле часовници со синџир кои ги носеле во својот елек. За да не се скрши, Левис го дизајнирал ваквиот мал џеб на панталоните.”

А доколку се прашувате што се крие зад еден од најпознатите знаци на фармерките, 501, еве го одговорот. Всушност бројот 5 го одбрал самиот Леви Штраус, како знак за највисок квалитет на фармерки, па моделите во продолжение на бројката 5, со цел да се разликуваат, добиле други бројки, 501, 511, 514 итн.

Дури во 1901 година за прв пат се изработени фармерки со два задни џебови, а додека првиот додаток за затегнување на фармерките и панталоноте, односно појасот бил изработен во 1922 година. До тогаш, мажите ги придржувале своите панталони со помош на трегери.

Извор : mkzabava.mk

Прегледи:
1989
Објавено на:
29.06.2016