Категории

Како да проверите дали имате лош здив

Покрај тоа што можете да дојдете во непријатна ситуација, постои можност некои луѓе да почнат да ве избегнуваат. Лошиот здив не мора да се појави само заради консумирање на храна со лук, туку непријатниот мирис може да доаѓа и од желудникот, заради проблеми со варењето или некој друг проблем во организмот.

Главно, кога ќе помислиме дека здивот ни има непријатен мирис, почнуваме да дуваме во раката мислејќи дека на тој начин ќе го откриеме тој мирис. Межутоа, многу научници докажале дека таквиот начин на проверување не е добар и не може со сигурност да ни покаже дали ни е здивот навистина лош или не.

Одлучивме да ви покажеме неколку добри начини на кои можете да проверите дали ви е здивот лош или не.

1. Стапчиња за уши
Со стапчето полека поминете преку задниот дел од јазикот и почекајте малку да се исуши. Ако почувствувате непријатен мирис, тоа е знак дека ви е таков и здивот.

2. Зглобот од раката
Лизнете мал дел од кожата околу зглобот и почекајте плунката да се исуши. Непријатниот мирис на кожата укажува на проблем со здивот.

3. Лажица
На сличен начин како и со стапчето за уши – поминете со лажицата преку задниот дел од јазикот. Ако на лажичката остане бел секрет кој непријатно мириса – ќе знаете дека имате проблем. Или едноставно излижете ја лажицата и почекајте плунката да се исуши, па мириснете.

4. Конец за заби
Со конец исчистете го просторот помеѓу катниците кадешто се собира повеќе храна отколку на предните заби. Потоа мириснете го конецот. Ако мириса непријатно, тогаш таков ви е и здивот.

За да го спречите настанувањето на непријатен здив, покрај редовното миење на заби, темелно чистете го и јазикот и користете конец за заби за да ги отстраните остатоците помеѓу забите, кои четкичката не можела да ги извади. Исто така, добро е да ја плакнете устата со вода за испирање која ќе ви ги зајакне забите и ќе ви го подобри здивот.

Прегледи:
741
Објавено на:
30.06.2016