Категории

Од кога луѓето се бакнуваат и што значел бакнежот низ историјата

961

Антрополозите велат дека бакнувањето еволуирало од „душкањето“, кое луѓето со векови го практикувале за да дознаат нешто повеќе едни за други. Во поголемиот дел од човековата историја, сетилото за мирис било поважно од било кое друго сетило во меѓучовечките односи. Со мирисот тие можеле да утврдат расположение, здравје и социјален статус.

Бакнувањето, како романтичен израз на чувствата, веројатно е родено во Индија. Во епот Махабхарата, напишана околу илјада години пред Христос, може да се пронајде првиот познат опис на романтичен бакнеж во историјата.

Историчарите веруваат дека во тоа време ваков вид на бакнување бил непознат во Европа. Во античка Грција бакнежот бил начин на комуницирање, препознавање на социјалниот статус, рангот и лојалноста меѓу војниците, како некој вид на изразување на општествена хиерархија.

8-history-kissing

Старите Римјани први почнале да практикуваат “savium”, познат како „бакнежот на душата“, кој бил верзија на францускиот бакнеж. Сепак, најголемиот противник на бакнувањето биле христијаните. Неколку папи дури се обеле да го забранат романтичното бакнување, а во 1312-та година Клемент V-ти го прогласил за смртен грев.

Во античкиот Рим бакнежите биле наменети речиси за сите. Пријателите, роднините, случајните минувачи на улица, дури и за продавачите. Тогаш бакнежот не означувал љубов помеѓу луѓето. Египјаните, за разлика од Римјаните, не сакале да се бакнуваат. Се смета дека дури ни Клеопатра не се бакнувала со Марк Антониј или Цезар. Средновековните Италијанци верувале дека бакнежот значи брак.

Еден од најинтересните факти во историјата на бакнувањето е употребата на буквата„X“ како симбол за бакнеж кај англо-саксонците. Во средниот век, поголемиот дел од локалното население било неписмено, а сите договори ги потпишувале со „X“. Овој симбол претставувал бакнеж и чесност.

p0359v7h

is-he-going-to-kiss-you

Во Лондон во 1665-та година, кога Англија била зафатена со големата чума, биле забранети бакнежи и физички контакти. Дури и денес во Англија честопати луѓето се поздравуваат со раце, бидејќи бакнежот се смета за непристоен.

Познатиот музичар Дејвид Боуви во 1979-та година ја измислил т.н. липографија. Се работи за отпечатоци на усни на различни луѓе. На аукција сите отпечатоци од познатите ѕвезди се продадени за 160.000 долари, а парите биле донирани во добротворни цели.

Прегледи:
509
Објавено на:
03.07.2016