Џиновска фотографска леќа е сместена на ридот Чукур во Бановина, Хрватска. Минималистичка, чиста и во кружна форма, речиси совршена, со една мана – дупка од куршум и распукано стакло.
Пукнатината е намерна, создадена да потсетува на едни други времиња, кои поминале и не треба да се повторат. Случувањата одат назад во 1991 година, кога жестока борба беше разгорена меѓу дотогаш граѓаните на една иста држава, на Југославија. Скулптурата е во чест на паднатиот хрватски фотограф Гордан Ледерер, кој го изгуил својот жживот во таа кобна војна. Стоејќи на Чукур, документирајќи ја војната, трагично бил застрелан и убиен од снајпер.
Минималистичката скулптура е создадена во соработка на скулптурот Петар Баришиќ и хрватската архитектонска фирма NFO. Тие создале инсталација од нерѓосувачки челик со 33 бетонски плочки кои водат со местото. Наместени во закривена патека, налик филмска лента, а секоја означува по една година од краткиот живот на Ледерер. Посетителите кои доаѓаат до ова обележје го имаат истиот поглед што го имал и фотографот, што го прави ова место, навидум визуелно сосем едноставно, но емотивно моќно.
Споменикот е свечено отворен во август 2015 година, на 24 годишнината од смрта на Ледерер, но исто така ги помни другите хрватски фотографи и сниматели кои загинале во воениот период.