Притисокот од аргентинската јавност успеа да го разубеди Лионел Меси да не се повлекува од репрезентацијата.
Според пишувањето на аргентинските медиуми, Меси ја сменил одлуката за повлекување од репрезентацијата на Аргентина и дека заминувањето од националниот тим го одложил за две години.
Весниците цитираат близок пријател на Меси кој изјави дека 29. годишниот фудбалер со своите колеги ќе се обиде да го освои трофејот на Мундијалот во Русија, а потоа дефинитивно се повлекува од репрезентацијата.