Веќе некое време кружат гласини дека Дрејк и Ријана се повторно заедно. Тие беа видени како си одат заедно од еден ноќен клуб во Лондон на 1. јули, што всушност е четврти пат во една недела, па нормално е да се посомневаме дека љубовта не згаснала.
Причината за оваа повторна искра е најверојатно музиката, големиот број соработки кои ги имаат зад себе и долгото време поминато заедно. Извори велат дека Дрејк никогаш не престанал да ја сака Ријана, но таа била онаа што не сакала да се обврзе во минатата врска.
Во петокот, кога беа видени како излегуваат заедно од ноќниот клуб Тејп во Лондон во 4 часот по полноќ, Ријана носеше долг син фустан и тексас наметка, а Дрејк беше облечен во своите препознатливи црни панталони и војничко палто.
Претходната недела Ријана организираше изненадување за роденденот на својата пријателка и пејачка Никол Шерцингер во истиот ноќен клуб Тејп, на која секако беше поканет и Дрејк.
На 29. јуни, пак, Дрејк ѝ се придужи на Ријана на нејзиниот концерт во Манчестер за да ја испеат песната Work. По изведбата на нивниот мега-хит, тој ѝ се обрати на публиката: „Ова е најубавата и најталентираната жена која некогаш сум ја запознал. Се вика Ријана и ми го крши срцето.