Додавањето на мало количество на сол во кафето секако звучи чудно но тоа навистина има своја намена.
Утринската шолја кафе ни дава сила за нови предизвици и обврски коишто се пред нас, особено ако се работи за вкусно и квалитетно кафе.
Изко изгледа многу едноставно, сепак совршената шолја кафе е навистина ретка појава. Па така, на пример, ако употребувате погрешна температура на водата, кафето ќе делува како да е отстоено, а ако кафето стоело премногу долго, тогаш ќе биде горчеливо.
Меѓутоа, само со еден едноставен трик може да ги решите сите свои проблеми – само додадете малку сол!
На тој начин ќе го елиминирате горчеливиот вкус, а сепак нема да ја уништите богатата арома на кафето. Трикот е многу едноставен, но и навистина многу корисен за љубителите на доброто кафе.
Погледнете и уште некои корисни совети коишто ќе направат секоја следна шолја кафе да биде вистинско задоволство за сите ваши сетила.