Категории

Паровите кои ги делат домашните обврски почесто водат љубов

Американското истражување покажа дека оние парови кои се држат до сексистичката поделба на домашните обврски поретко водат љубов од оние кои заедно ги завршуваат тие работи.

Хетеросексуалните парови кои откриле дека ги делат домашните обврски, месечно во просек водат љубов 6,8 пати.

Истражувањето ги поделило рутинските домашни работи на готвење, перење, миење садови, чистење и купување на намирници.

Паровите кај кои извршувањето на овие работи не било рамноправно распоредено имаат односи пет пати месечно во просек, а оној партнер кој во таквата ситуација е задолжен за поголемиот дел од обврските главно е жената, без оглед на тоа дали таа работи повеќе или заработува повеќе пари.

Авторката на истражувањето, Шерон Саслер од Универзитетот Корнел, изјави дека кај модерните парови кои се придржуваат до еднаквата поделба на домашните обврски, забележала зголемување на бројот на сексуалните односи во текот на месецот.

“Другата група, вклучувајќи ја и онаа каде жената го извршува поголемиот дел од тие обврски, забележаа опаѓање на сексуалните односи. Ова истражување е посебно значајно со оглед на тоа дека зачестеноста на сексуалните односи во браковите во изминатите неколку децении е значително опадната”, додава таа.

Историчарката Стефани Конц вели дека ова истражување го рефлектира изеначувањето на моќта меѓу мажите и жените, и дека претходно бракот се склопувал меѓу двајца партнери, а секој од нив имал различни вештини и интереси надополнувајќи се на тој начин еден со друг.

“Денес љубовта е базирана на исти интереси, активности и емоции. Спротивностите повеќе не се темел на желбите и страста”, истакна историчарката.

Прегледи:
340
Објавено на:
12.07.2016