Во текот на животот ќе се појават луѓе кои ќе сакаат да ве „турнат“ и нив можете да ги сретнете било каде, дури и онаму каде што најмалку очекувате. Но, не треба да им дозволите!
Да ве вовлечат во бесмислени аргументи
Има луѓе кои постојано сакаат да ги бранат своите аргументи, таквите најчесто сакаат да покажат колку добри зборувачи се. Не дозволувајте да си го трошите времето на „исправање криви Дрини“, тоа непотребно одзема многу енергија.
Да се срамите од минатото
Секој има свои лузни од минатото, но тоа треба да ве направи посилни, не треба од тоа да се срамите, напротив треба да ги носите како заштитен оклоп и никогаш не ќе може да ви наштетат.
Не треба пријателите лошо да се однесуваат со вас ниту зад вашиот грб
Семејството не си го бирате, но пријателите си ги бирате. Од вас зависи какви пријатели ќе изберете и како ќе дозволите да се однесуваат со вас.
Никогаш немојте да бидете нечиј „план Б“
Страшно е ако знаете дека некој ве бара само ако нешто му треба од вас, а вие го сметате за пријател. Таквите не го заслужуваат вашето време.
Не дозволувајте некој да ги понижува вашите соништа и желби
Страста е една од најмоќните работи на светот, па кога ќе ја најдете својата не дозволувајте никој да ви ја омаловажува.