Во минатото постоеле многу предрасуди за луѓето што пишуват со лева рака. Ги врзувале со Сатаната, 25 пати се споменати во Библијата во негативен контекст, а оваа причина дури и била основа за развод во Јапонија во XX‐от век. Левучарите живеат во светот на деснаците, опкружени се со технологија и направи за лицата што ја користат десната рака, како што се ножици, тетратки со спирали, тастатура… Но, левучарите се исклучителни во некои работи.
Тие се подобри љубовници
Според едно спроведено истражување, 86% од левучарите изјавиле дека се „исклучително задоволни“ од својот сексуален живот, во однос на само 15 % од деснаците што можат да се пофалат со тоа. Причините за тоа не се познати, но други студии укажуваат дека можеби се работи за тоа што леваците имаат подобро чувство за ритам.
Тие се лидери
Четворица од последните седум американски претседатели биле левучари: Обама, Бил Клинтон, Џорџ Х. Буш и Џералд Форд. Првите дизајнери на компјутерите, односно четворица од петмина биле левучари.
Тие се гении
Не само што се проникливи во спалната соба, туку својата интелигенција ја покажуваат и на друго поле. Теоријата вели дека тие се приморани да ги користат двете страни на мозокот многу почесто. Меѓу славните големи умови леваци биле Чарлс Дарвин, Алберт Ајнштајн и Бенџамин Френклин. Меѓу оние со коефициент на интелигенција над 140 повеќето се леваци од деснаци.
Ретки се
Само 15 % од светската популација се леваци, па затоа може да се каже дека се „ретки ѕверки“. Но бидејќи претставуваат малцинство, тоа не значи дека ќе изумрат. Истражувачите објаснуваат дека левучарите се шампиони во преживување. Добра вест за осамените дами што бараат партнер левак е што има повеќе мажи отколку жени леваци.
Знаат да заработат пари
левучарите се поуспешни и побогати.
Добри се во мултитаскинг
Нивниот мозок мора да работи побрзо и токму затоа им е полесно да ги сортираат многуте неорганизирани информации. Подобри се и во играњето видеоигри.
Креативни се
Левучарите се и уметнички души, иновативни и креативни. Бидејќи повеќе ја користат десната страна од мозокот, која се користи за активности за кои се потребни имагинација, емоции и креативност, тие се подобри музичари, сликари и подобро се снаоѓаат со странските јазици.