Категории

Симона Попоска освежува со нов летен хит! (Видео)

Пејачката Симона Попоска, која е позната по енергичните сценски настапи на фестивалите од каде не заминува без некоја награда, промовира уште еден нов сингл на македонски јазик, насловен „Не ни е крив никој друг“.

По макфестовската „Ќе најдам друг“- второпласираната на овогодинешниот фестивал и „Знам дека лажеш” која веќе се врти во телевизискиот и радиски етер, време е за летен поп регетон стил.

Нејзината енергија не запира, овој пат заедно со нејзиниот соработник продуцентот и Дј Ерик Фокс подготвија песна на македонски јазик, која ќе биде малку во поразличен поп регетон стил кој досега не сме го чуле во нивните заеднички песни. Автор на музиката и аранжманот е Ерик, додека текстот го напиша Милан Миланов. Планиран е и видео запис за истата.

„Летото и летните забави се во тек, па време е за летна песна, за која се надеваме ќе им се допадне на нашите фанови, со кои се дружиме постојано летово по локалите. Песната беше најавена на англиски јазик, но мораме да признаеме дека текстот на македонски многу подобро легна на песната“, ни изјавија Ерик и Симона.

Прегледи:
546
Објавено на:
14.07.2016