Категории

Здрав чиа пудинг со банана и гоџи бобинки

Има ли некој кој не го сака пудингот? Сите барем еднаш сме го пробале тој сладок десерт, но наместо со шеќери и млечни производи, ова лето додека ја одржувате линијата, може да го пробате овој здрав пудинг.

Освен што нема вештачки бои и шеќери, овој десерт изобилува со здрави состојки, како витамини, минерали и антиоксиданси за кои телото ќе ви биде благодарно.

Потребни состојки:

  • 2 банани
  • 2 лажици гоџи (волчји бобинки)
  • 2 лажици чиа семки
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица јаворов сируп
  • 1 чаша вода

Исецкајте 1 банана на парчиња и ставете ја во сад заедно со гоџи бобинките и чиа семките.

Посебно изблендирајте ја другата банана заедно со какаото, јаворовиот сируп и водата додека да добиете смеса налик на чоколаден сос. Оваа смеса додајте ја во првиот сад и убаво промешајте така што сите состојки да бидат добро потопени.

Вака приготвениот пудинг ставете го да отстои во фрижидер минимум 3 часа, а НАЈДОБРО преку ноќ. За тоа време чиа семето набабрува и создава текстура помалку слична на желе (т.е. баш онаа иста текстура што ја има и класичниот ладен пудинг). А потоа лажиците во раце и уживајте!

СОВЕТ ЗА ДЕЦА (и сите оние кои не можат да се убедат дека ова е превкусна алтернатива на пудинг): волчјите бобинки ставете ги во млака вода десетина минути да омекнат, а потоа заедно со двете банани и останатите состојки изблендирајте ги, и на крај помешајте ги со чиа семките.

Доволно за 2 порции, се припрема за 10 минути.

Превземено од Сурво и Вкусно

Прегледи:
892
Објавено на:
14.07.2016