Категории

Поучна приказна за пропуштените можности во животот

Во текот на нашиот живот постојано ни се укажуваат одредени можности, ни се отвораат врати и ни се даваат шанси да направиме нешто. Некои од тие можности ги искористуваме и го извлекуваме максимумот од нив. Но, понекогаш свесно решаваме некои од тие нив и да ги пропуштиме. Честопати, го правиме тоа затоа што се плашиме. Се плашиме од непознатото и новото. Пријатно ни е во нашата удобна зона и не сакаме да излеземе од неа бидејќи тоа би значело дека ќе треба да вложиме труд и да се соочиме со нашите стравови. Но, што ако една од тие пропуштени можности била токму таа која би нѐ одвела до остварувањето на нашите соништа? Што ако една од тие можности била клучот за нашата среќа? Тоа евентуално ќе го дознаеме, но за жал предоцна. Прочитајте ја следнава приказна која во себе содржи моќна порака дека никогаш не треба да ги игнорираме можностите што ни се нудат…

Еден постар човек бил во болница на смртна постела. Му останувале уште неколку часа живот. Во еден момент тој ги отворил очите и здогледал неколку можности како се собрале околу неговиот кревет. Не успеал да ги препознае.

Ги затворил уморните очи и ги запрашал:

„Пријатели, кои сте вие?“

Една од можностите му одговорила:

„Ние сме твоите занемарени соништа, заборавени желби и неостварени визии. Ние сме сето она што можеше да го направиш во текот на твојот живот, но пропушти да го направиш.“

„Жал ми е поради тоа. Но, сепак го ценам тоа што и покрај мојата немарност и лошото однесување кон вас, вие сепак дојдовте да се збогувате со мене на крајот од мојот живот“, задоволно им рекол старецот, со блага насмевка на лицето.

Една од можностите му се доближила и со мирен глас му одговорила:

„Не, не дојдовме да се збогуваме со тебе. Дојдовме да умреме со тебе.“

Прегледи:
403
Објавено на:
14.07.2016