Категории

#PrayForNice: Емотивни реакции на Twitter по терористичкиот напад во Ница, Франција

Светот тагува заедно со францускиот народ по терористичкиот напад во Ница, во кој згаснаа животите на 84 лица, а повеќе од 50 лица беа повредени.

Никој не остана рамнодушен на веста дека загинаа невини деца, жени и мажи додека го следеа огнометот по повод националниот празник на Франција, познат како Денот на Бастилја, откако камион удри во толпата луѓе.

Илјадници луѓе ги користат хаштаговите на Twitter #PrayForNice, #JeSuisNice и #LiberteEgaliteFraternite во чест на жртвите и за да им изразат сочувство на нивните семејства. Море од емотивни цртежи и пораки ги преплави социјалните мрежи, а фотографијата на која до телото на мало девојче има кукла е меѓу најсподелуваните денес.

„Звукот на родител кој губи дете е интернационален јазик. Денес сите крвариме, сите тагуваме и сите чувствуваме болка.“

„Ако можеш да убиеш некого, во моите очи не припаѓаш на ниту една религија.“

02

03

„Ако немаме мир, тоа е затоа што сме заборавиле дека си припаѓаме еден на друг. Мајка Тереза“

04

05

„Гледам луѓе, но не и хуманост.“

06

07

08

09

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

 

Прегледи:
441
Објавено на:
15.07.2016