Репрезентацијата на Србија за прв пат во својата историја стана шампион во Светската лига во одбојка. Србите синоќа во финалето на завршниот турнир во Краков ја совладаа селекцијата на Бразил со максимални 3-0.
Во првите два сета беше 25:22, а во третиот 25:21.
За српските одбојкари ова беше шесто финале, а претходните пет дуели за титулата ги губеа, од кои три пати против Бразил.
Победата во финалето на „фајнал фор“ турнирот во Полска, на српската репрезентација и донесе награда од еде милион долари.
Во предигра на овој меч, во борбата за бронзениот медал, Франција ја победи Италија со 3-0.