Категории

Проверете дали вашиот партнер е женкар?

Понекогаш се случува да направиме погрешен избор кога е во прашање врската. На почетокот ни се чини дека тој е совршен, а штом малку се опушти го покажува своето вистинско лице.

Ако се сомневате дека вашиот партнер е женкар, еве начин тоа да го потврдите:

1. Повици и пораки

Ако забележите дека тој често прима повици и смс пораки на кои не одговара додека е со вас, има голема шанса дека нешто се обидува да скрие.

2. Тој е претерано љубезен

Ако интуицијата ви вели дека неговиот претеран шарм и “фино“ однесување не се толку искрени како што тој сака да ви ги прикаже, верувајте и бидејќи мали се шансите дека тоа е точно.

3. Профилот на социјалните мрежи

Социјалните мрежи се еден од подобрите извори на информации во денешно време. Ако сакате да дознаете нешто повеќе за личноста со која се гледате, разгледајте ги неговите профили и веруваме ќе ви стане се појасно.

4. Никогаш немал сериозна врска

Ако до сега немал сериозна врска или е човек кој не може да се “скраси“ кај една девојка или има некој друг проблем.

5. Постојано дели комплименти

Иако сите ние сакаме да добиваме комплименти од страна на мажот кој го сакаме сепак постои граница. Ако постојано ве фали дури и кога нема некоја посебна причина можеби ги користи убавите зборови само за да добие нешто од вас.

6. Има лоша репутација

Ако тој е женкар, верувајте сите тоа го знаат бидејќи таквите личности се фалат со своите “успеси“ и често се видени во друштво со различни жени. Затоа ако пријателите или роднините ви кажат верувајте им.

7. Ретко и малку кажува за себе

Ако не сака да раскажува за себе и кога ќе го прашате нешто ја менува темата веројатно крие нешто. Таквото однесување не треба да го игнорирате.

Прегледи:
496
Објавено на:
19.07.2016