Категории

Дали се сеќавате на македонската најава за Покемон?

Овие денови изгледа како целиот свет да се зарази со лудилото на бркање Покемони, но дали се сеќавате на македонската најавна шпица за овој цртан филм?

Песната е во изведба на Верица Пандиловска, а веруваме дека ќе ве потсети на младите денови кога со нетрпение го очекувавте цртанот пред малите екрани.

Исто така, песната делува навистина мотивирачки, па доколку ја ставите да ви ѕвони на вашиот мобилен телефон можеби ќе фатите повеќе Покемони низ градот. Само предлог… :)

Прегледи:
674
Објавено на:
19.07.2016