Категории

Mercedes-Benz на улиците на Амстердам го претстави автобусот на иднината

Mercedes-Benz на улиците на Амстердам го претстави автобусот на иднината

Опремен со автономни технологии адаптирани за возење низ град, футуристичкиот автобус на Mercedes-Benz го направи своето промотивно возење. Тест-рутата беше најдолгата линија на брзиот градски транспорт во Амстердам, која со своите 20 километри исто така е најдолга и во Европа. Низ неа возилото се провози само постигнувајќи брзина и до 70 километри на час, попат застанувајќи, отворајќи ги вратите, собирајќи патници и комуницирајќи со сообраќајната инфраструктура. Покажа и како се избегнуваат пречки – автомобили и пешаци, додека задачата на возачот беше сведена на посматрање на ситуацијата на мониторот на CityPilot системот кој во секој момент може да се деактивира со допирање на управувачот или некоја од педалите. За својата работа системот користи радари со краток и долг домет, сателитска навигација, камери и сензори, опрема во голем дел веќе видена кај Future Truck 2025 концептот. За предностите што ги нуди ваквиот вид транспорт не треба да зборуваме.

Прегледи:
487
Објавено на:
19.07.2016