Категории

Овој човек вежба со вештачко срце во својот ранец! Тој е тешко болен, но погледнете ги тие мускули!

Колку пати ви се случило да се откажете од вежбање само затоа што надвор паѓа дожд? Ова момче не се откажува, дури ниту откако му го извадиле срцето!

Ендрју Џоунс (26) од Калифорнија се занимава со бодибилдинг и навистина ништо не може да го спречи да вежба. Тој оди во теретана со вештачко срце коешто го носи во ранецот насекаде со себе.

Ендрју преживеал срцев удар, но потоа морале да му вградат вештачко срце за да преживее.

Прв пат му се слошило во 2012-та година кога почнал да се задушува додека трчал, а после две години добил висока температура и искашлувал крв.

Тогаш во болница му соопштиле за кардиомиопатија. А потоа станал толку многу слаб што не можел ниту да стои, ниту да се движи, па дури ниту самиот да се облече.

Неколку месеци подоцна му кажале дека му е неопходна трансплантација на срцето или во спротивно му се заканувала смрт. А бидејќи не успеале да најдат орган на располагање, му бил вграден пејсмејкер и вештачко срце коешто тој го носи во ранец…

И иако овој човек се бори со смртта секој ден, тој сега повторно оди во теретана и вели дека плаче после секој свој тренинг бидејќи се чувствува благодарен затоа што е жив.

– Такво нешто не би му посакал ниту на најлошиот непријател. Не можеш да дишеш, не можеш да размислуваш, да јадеш или да спиеш. Животот со оваа болест ми стана депресивен и физички болен. Морав да престанам да работам, бидејќи не можев да стојам на своите нозе подолго од 10 минути. Се плашев да одам во кујната, бидејќи тоа значеше дека ќе мора да се движам по скали. Мојот живот се распаѓаше и самиот сакав олеснување, раскажува храбриот маж за своето патешествие.

Неговото вештачко срце има две цевки коишто му се вградени во телото и коишто се протегаат до машината којашто тој ја носи во својот ранец, а таа пумпа крв низ неговото тело.

Ендрју не ги сокрива своите лузни, туку гордо ги покажува и му објаснува на секој оној којшто е љубопитен зошто тој постојано носи ранец.

– Работам во малопродажба со скратено работно време и купувачите постојано ме прашуваат зошто секогаш носам ранец. Кога ќе им одговорам на прашањето, секогаш остануваат шокирани и мислат дека се шегувам, бидејќи изгледам здраво. Никогаш не ми е страв да излезам во јавност и да се соблечам во јавност, објаснува Џоунс.

Прегледи:
508
Објавено на:
20.07.2016