Категории

Миранда Кер се сврши со основачот на Снепчет!

Миранда Кер ќе биде првата дама на Снепчет, откако ја прифати понудата за брак на основачот на компанијата Еван Спајџел, а информацијата ја потврди на сопствениот профил со сопствени битмоџи (кои беа купени од страна на Снепчет претходно годинава), персонализиран Снепчет филтер и секако – прстенот.

Миранда и Еван, чие богатство е проценето на 2 милијарди долари, се запознаа за прв пат на вечера во 2014 година во Њујорк.

Оттогаш овој убав пар патуваше секаде низ светот и посетија многу настани заедно, а еден од неодамнешните беше вечерата кај претседателот Барак Обама.

Инаку, Миранда беше претходно во брак со актерот Орландо Блум, со кого има 5 годишен син.

m2

m3

m4

m5

Прегледи:
330
Објавено на:
21.07.2016