Неверојатно видео ги запали социјалните мрежи. Младиот навивач на Манчестер Сити, седмогодишниот Брендон требаше да се запознае презентерот на клупската телевизија Чапи и да се повози со него во такси.
Меѓутоа, кога влезе во автомобилот го дочека тренерот Пеп Гвардиоа, а Брендон беше во шок.
„Дали си тоа стварно ти? Чапи, стварно е тој“, рече воодушевениот Брендон.
„Пеп, можеме ли да ги освоиме сите трофеи“, на што Гвардиола се насмевна и продолжи да разговара со симпатичниот јунак на приказната.