Сите ги слушаме оние бајковити совети дека судбината ќе ни го донесе партнерот на нашиот живот и потоа сè ќе тргне како подмачкано. Но, реалноста е многу поразлична. Мора да се потрудиме ако сакаме да останеме со моменталниот партнер со кој сме во врска. Брак и врска се сосема различни поими, кои бараат многу работа. Во прилог прочитајте ги најдобрите факти поврзани со бракот, кои можеби ќе ве интересираат ако планирате да стапнете на лудиот камен.
Ако се венчате по 23 годишна возраст, помали се шансите да се разведете
Едно истражување од 2014 година спроведено во универзитетот во Пенсилванија, открило дека Американците кои се венчале на 18 години имале 60% ризик за да се разведат, додека пак луѓето кои се земале над 23 години имале ризик од соочување со развод околу 30%.
Фазата на заљубеност трае околу една година
Фазата во која се чувствувате како да сте на седмо небо и како да сте удрени од љубовна екстаза не трае засекогаш. Истата ја чувствувате само првата година.
Ќе сфатите дека не сте една личност
Откако ќе почнете да живеете заедно, ќе сфатите дека имате различни приоритети и праг на толеранција, како на пример, што за едниот претставува неред, а за другиот не.
Ако се возбудувате за добрите вести кои ви ги кажува партнерот, ќе имате подобра врска
Во неколку истражувања, докажано е дека партнерите кои ги прославуваат добрите вести и случувања кај едниот партнер, имаат поголеми шанси за многу подобра врска, од оние кои не се возбудуваат многу за тоа.
Најсреќни се браковите меѓу најдобрите пријатели
Истражувањето спроведено од Националното биро за економија, открило дека најдобрите пријатели кои се одлучуваат да стапат во врска, а потоа и во брак имаат најсреќни бракови.
Колку имаат помала разлика во години – толку помалку е веројатноста да се разведат
Партнерите кои имаат 5 години разлика меѓусебно имаат 18% помали шанси да се разведат, за разлика од оние со 10 години разлика.