Кога спортистите се подготвуваат за некој голем натпревар или спортски настан, тие подлежат на многу напорни тренинзи. Но, што се случува со нивното тело кога ќе вклучат и подготовки во креветот?
Новото истражување, спроведено од страна на компанијата за секс играчки “Adam & Eve” во соработка со личниот тренер д-р Мајк Јанг, откри дека атлетите кои редовно се впуштаат во сексуални активности пред натпреварите покажувале подобри резултати.
Студијата следела 21 машки и женски спортисти во период од три недели, набљудувајќи ја нивната сексуална активност и нивните резултати во брзината, силата и агилноста. Со следењето на сексот и мастурбирањето, истражувачите дошле до изненадувачки резултати.
Имено, резултатите покажале дека хемиските супстанци кои се ослободуваат за време на оргазмот делуваат како многу од илегалните стероиди кои ги земаат спортистите.
На пример, хемикалијата наречена норпинефин ја зголемува подготвеноста, возбуденоста и го забрзува крвниот притисок, што е многу слично во споредба со епинефинот или адреналинот. Тоа значи дека водењето љубов на некој начин делува како стероид за зголемување на перформансите.
Психолошките резултати се уште поинтересни. “Кога станува збор за сексуалните активности и атлетските перформанси, се работи за случај кога перцепцијата на индивидуата е иста со нивната реалност. Ако мислат дека сексот ги прави подобри спортисти, тоа најверојатно и ќе биде така”, објаснува д-р Јанг.
Со резултатите од оваа студија која пристигнува токму на време пред Олимписките игри, веруваме дека спортистите ќе имаат уште поголеми причини за радост и освојување на медали.