Стојанче Стоилов е новиот капитен на РК Вардар, соопштено е по денешниот прв тренинг на македонскиот шампион на стартот од подготовките за новата сезона. На првиот собир на екипата во која недостасуваат само хрватските олимпијци, Иван Карачиќ и Лука Циндриќ, Стоилов беше избран за нов капитен на екипата.
Капитенската лента, Стојанче Стоилов ја наследува од Филип Лазаров кој ја заврши соработката со Вардар и во новата сезона ќе настапува за романскиот Поли Темишвар.По заминувањето на Лазаров во Темишвар и на Дејан Манасков во Рајн Некар Левен, Стоилов остана единствен македонски репрезентативец во составот на македонскиот шампион.