Конечно излегувате на долгоочекуваниот состанок и веројатно сакате да дознаете сè за него. Но наместо да поставувате милион прашања верувајте ни дека има многу други начини да откриете каков е и што му се допаѓа. На пример, обрнете внимание каква пијачка ќе нарача.
Џин тоник
Доколку сака да пие џин тоник ова момче веројатно не е романтичар. Пијачката е силна но во исто време добро избалансирана и освежувачка. Всушност, тоникот дава мала доза на горчина која не можат да ја поднесат сите. Ова е пијачка која или ја сакате или ја мразите, па така ова момче нема да се користи со игри и измами доколку сака да ве задржи. Кај него е или црно или бело.
Пиво
Можеби пивото ви се чини како досаден пијалок кој го пијат луѓе кои во моментот не знаат што навистина сакаат. На ова момче му е потребна малку вашата помош да излезе од секојдневието и удобноста која е по малку здодевна. Но доколку и вие сакате класични работи како на пример чоколаден сладолед и никаков друг, тогаш не менувајте ништо затоа што навистина си одговарате.
Виски (чисто)
Нарачува виски? Внимавајте, можни се две сценарија. Доколку нарача виски и веднаш го земе првото кое шанкерот го точи тогаш само се прави важен. Но доколку нарача одреден бренд на виски и го следи шанкерот дали навистина ќе стави од нарачаното, тогаш ова момче знае што сака. Тој отворено ќе зборува за сè и ќе ви каже што очекува од вас, па доколку сакате самоуверени мажи ова е вистинскиот.
Шотови
Заборавете на долги и романтични разговори затоа што ова е момче кое обожава акција. Зошто да пиете полека и да зборувате со часови кога можете да испиете нешто возбудливо за 3 секунди? Овие момчиња го живеат животот брзо и лудо, па доколку не сакате ваква врска подобро откажете се уште на почеток.
Овошен коктел
Доколку пие овошен коктел на ова момче не му е грижа што другите мислат за него. Што е добро, нели? Излегува со вас и нарачува розев, благ коктел. Доколку му речете нешто во врска со тоа или се пошегувате, вие нема да бидете во право. Ова е самоуверено момче кое живее во свој свет, па пробајте да влезете во него.
Вино
Доколку побара да го види менито за вина и потоа оди до кујната за да проба неколку од наведените не плашете се, значи дека е експерт и нема да се согласи на какво било вино. Но, доколку го нарача најскапото вино од менито, без да го проба, тогаш да знаете дека на тој начин ја покажува неговата финансиска состојба. Одлично е доколку и вам ве праша какво вино сакате да се напиете и дали имате некоја посебна желба. Добива плус поени за тоа!
Кафе
Доколку ве викне на пијачка, а на крајот нарача кафе може да значи дека не пие алкохол. Можеби вози или пак е на некаков посебен режим на исхрана кој не дозволува алкохол. Исто така возможно е вие да сте ги измешале знаците кои ви ги дава и всушност да не сте на состанок, туку на пријателско кафе. Бидете внимателни и размислете убаво што вие ќе се напиете.