Категории

Неколку ситуации кои ќе го расплачат (скоро) секој маж

 Повеќето од мажите имаат проблем со покажувањето на чувствата, а пак да пуштат некоја солза е скоро невозможно.

Тоа е така бидејќи во нивната природа е да ги задржуваат солзите, но сепак постојат ситуации во кои и најсилните припадници на машкиот род ќе пуштат солза.

Иако тоа е редок случај, скоро секој маж ќе пушти солза кога…

1. Кога прв пат ќе ја види својата сопруга во венчаница

Кога за прв пат ќе ја види жената што ја сака во тоа издание како од бајка го обзема чувство на возбуда и не може да не му се навлажнат очите.

2. Прв пат го види своето дете на ултразвук

Погледот на таа слика која е плод на љубовта со неговата сакана, јасно е дека го преплавува чувство на гордост и среќа.

3. Кога ќе стане татко

Кога тоа мало суштество ќе стигне на светот тој доживува вртлог од емоции. Самата помисла дека некој ќе го нарече тато е доволна причина да заплаче.

4. Кога ќе се разболи личноста која ја сака

Кога болеста ќе ја погоди неговата сакана и најтврдиот маж нема да се срами да пушти солза.

5. Кога ќе прекине долга врска или пак ќе се разведе

Иако за ништо на светот нема да признае дека го боли, кога ќе остане сам верувајте ќе заплаче.

Прегледи:
449
Објавено на:
28.07.2016