Најголемата интернет продавница Амазон многу скоро ќе почне да го тестира својот дрон – поштар во Велика Британија.
Според очекувањата дронот би требало да испорачува помали пакети директно до пред врата на купувачот. До денес тестовите се неуспешни поради законските ограничувања поставени од Федералната управа за авијација на САД. Поради тоа, Амазон тестирањата ќе ги префрли во странство, во парнерство со Британската влада.
– Британскиот регулатор за авијација ќе му дозволи на Амазон да тестира неколку аспекти од оваа технологија, меѓу кои и управувањето на леталото кога е надвор од видното поле на операторот, она што Федералната управа за авијација на САД не го дозволува. Тестирањата, кои се важен знак за доверба во Велика Британија, после нејзиното историско гласање за излез од ЕУ минатиот месец, ќе зпочнат веднаш – јавува „The New York Times“.
Борбата на Амазон со федералната управа за авијација на САД кулминираше лани кога управата конечно му даде дозвола на Амозон за тестирање на дроновите доколку Амазон измени сѐ во начинот на кој тие сакаат да ги управуваат со нив. Набргу потоа, Амазон одговори дека, наместо тоа решиле своите дронови да ги тестираат во странство, во Канада и Данска. Новото партнерството со Британската влада е само уште едно проширување на таа одлука.