Можеби тврдоглава девојка не звучи како комплимент, но ние тоа ќе го сфатиме токму како комплимент. Еве зошто.
Иако на прв поглед изгледа како кошмар, тврдоглавите девојки се супер кога се во прашање врските, а еве зошто тоа е така:
1. Тврдоглавата девојка знае што сака
И знае како тоа да го добие. Без разлика дали станува збор за момче или идеја. Таа знае како да се избор и нема да сопре додека не го добие тоа што го сака.
2. Тврдоглавата девојка знае што чувствува
И не се плаши тоа да го каже. Мажите посакуваат дами што знаат што сакаат.
3. Тврдоглавата девојка се бори за тоа што го сака
Без разлика дали станува збор за проект кој го започнува или за личноста која ја сака. Секогаш го бара најдоброто и нема да се откаже додека не го добие тоа.
4. Со тврдоглавата девојка се е позабавно
Девојките кои со се се сложуваат се можеби поедноставни, но верувајте тоа брзо здосадува.
5. Тврдоглавата девојка знае да попушти
Најдобриот дел кај тврдоглавите девојки е тоа што знаат да попуштат кога треба. Секогаш се подготвени за компромис, секако само за вистинската личност.