Сите знаеме колку можат да нѐ изнервираат досадните автоматски коментари на нашите супер фотки на Инстаграм. Но, сега конечно ќе можете да се ослободите од нив.
Имено, “The Washington Post” известува дека социјалната мрежа за споделување на фотографии наскоро ќе им овозможи на своите корисници да ги филтрираат сопствените коментари и што е уште поинтересно, да ги исклучат коментарите доколку сакаат.
Тоа значи дека наскоро ќе може да објавувате фотки без сите оние непознати луѓе кои ги коментираат деловите на вашето тело или напорни следбеници кои постојано го коментираат вашиот моден стил.
“Нашата цел е да го направиме Инстаграм пријателско, забавно и што е најважно, сигурно место за самоискажување”, вели Ник Џонсон Колако, кој работи како шеф за односи со јавноста на Инстаграм.
“Веќе започнавме да им дозволуваме на профилите со многу коментари да ја имаат можност за да управуваат со сопственото искуство со коментарите. А, како што учиме, возбудени сме што ќе го подобриме искуството со коментарите за нашата поширока заедница”, додава тој.