Адриано Леите Рибеиро од освојувач на две Златни топки стигна до член на училана банда во Рио, а фудбалската топка ја замени со оружје.
34 годишниот Адријано практично ја заврши фудбалската кариера кога во 2011 кога ја напушти Европа, а веќе неколку години одличниот центарфор го нема на големата сцена.
Во 2004 на игрите на Копа Америка тој постигна седум гола и беше најдобриот стрелец , една година беше и најдобриот стрелец на Купот на Конфедерациите.
Неговиот последен голем клуб во Европа беше Рома од која си замина во 2011 година поради носталгија по родниот Бразил. Во татковината имаше неколку авантури во Коринтијанс, Фламенго и Атлетико Минеиро, а последниот ангажман го имаше во американскиот Мајами , но клубот по само два месеца го раскина договорот со бразилскиот напаѓач.
Славниот фудбалер сега е скоро без пари , откако ги потроши милионите заработени во Интер, Фиорентина, Рома… и сега живее по фавелите каде е заштитен од локалната банда наречена „Црвена команда“ , банда одговорна за смртта на илјадници луѓе.