Категории

Друштво за медал: Весна, Игор и Тони вака го прославија „Илинден“ (ФОТО)

По повод големиот македонски празник „Илинден“, долгогодишните колеги и пријатели Весна Петрушевска, Тони Михајловски и Игор Џамбазов се собраа во комплексот „Македонско село“ на Водно. Со мезе и пијалак, тие уживаа во атмосферата, а подоцна на седенката им се придружи и пејачот Влатко Илиевски.

Весна ги понесе и своите дечиња Мина и Кики, а Мина позираше во прегратката на својот најверен другар Игор. Се разбира, дружината не би била целосна доколку тука не беа и сопругата на Тони, Александра, и нивното преслатко синче Михаил.

Извор: http://www.ubavinaizdravje.mk/

Прегледи:
529
Објавено на:
03.08.2016