Категории

ФЕЈСБУК ВОВЕДУВА РЕКЛАМИ ЗА ВРЕМЕ НА ВИДЕАТА ВО ЖИВО

Можноста за „стримање“ во живо на Фејсбук ќе личи повеќе на телевизија, бидејќи компанијата воведува рекламни паузи.

Социјалната мрежа во вторникот потврди дека тестира нов формат на реклами, според кои спонзорирани видеа долги до 15 секунди ќе се вметнуваат во видеата во живо.

„Спроведуваме тест со кој група корисници ќе ја имаат можноста да вметнат кратка рекламна пауза во нивните видеа во живо на Фејсбук“, изјавиле од компанијата.

Рекламните паузи може да бидат вметнати било каде во одреден стрим, пет минути после почетокот, под услов да не траат повеќе од 15 секунди.

Видеата во живо на Фејсбук станаа познати поради нивната улога во граѓанските движења и протести, особено поради видеата на кои може да се види полициска бруталност.

Прегледи:
351
Објавено на:
04.08.2016