Категории

Роналдо ќе ја заврши кариерата во Реал

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ќе се обврзе на понатамошна соработка со „кралевите“ и ќе биде дел од овој тим уште најмалку четири или пет години. Според ова тој би требало да биде дел од клубот до своите 35 или 36 години. За некои тоа е и најава дека Роналдо ќе се пензионира во таборот на кралскиот тим.

Договорот на Роналдо би требало да биде продолжен до 2020 или 2021 година. Точно ќе биде познато на 10 август кога Португалецот треба да пристигне во Мадрид после одморот и да се официјализира сето она што го договорија агентот на Роналдо, Жорже Мендеш и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Документите би требало да бидат потпишани најдоцна до крајот на овој месец така што е за очекување месецов да биде возбудливо во таборот на „кралевите“.

ПРЕГОВОРИ И СО БЕЈЛ

Покрај Роналдо, преговори за продолжување на соработката има и со Герет Бејл. Тој има договор кој му истекува во 2019 година, но во Реал сакаат да го задржат подолго од ова така што наскоро ќе има информации како финиширале разговорите.

Од она што се знае, познато е дека на Бејл му се нуди поголема плата и продолжување на договорот од уште минимум една година.

ПОНУДА ЗА АЛАБА

Играчот кој би можел летово да пристигне во Реал Мадрид е Давид Алаба од Баерн Минхен, но понудата од 65 милиони евра за негов ангажман засега е недоволна. „Баварците“ немаат намера да го пуштат Алаба за помалку од 80 милиони евра.

р2

За сума од 65 милиони евра ќе мора и да се додаде уште еден играч, а Баерн ги бара Варан или Пепе што во Реал Мадрид не одговара во моментов.

Оттаму тука преговорите ќе траат уште, но пречка е и Карло Анчелоти кој вели дека Давид Алаба му е потребен за новата сезона и дека не сака да го ослободи.

Прегледи:
527
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
05.08.2016