Категории

Над 800 молњи и громови попладнево во Скопје

q1

Ова попладне скопскиот региион е зафатен од најсилното невреме годинава, и едно од посилните во изминативе години. Силни електрични празнења се забележани во периодот помеѓу 17 и 19 часот и достигна бројка околу 800 (за целото скопско подрачје).

Невремето е пропратено со силен ветер, интензивен дожд кој непрекидно врне веќе околу 1 час. Природата на ова невреме е таква што облачните ќелии се обновуваат една зад друга, па оттаму е и долготрајноста на ова невреме.

На сликите подолу можете да го видите следот на настани, следено преку радарите на РХМЗС, како и преку сателитските снимки од Еуметсат/Сат24.

Реално е да се очекува дека локално има и врнежи од град.

Штети од ова невреме во секој случај се очекуваат. Останува само да се види во колкава мера ќе бидат тие.

q2

Радарска слика 18:15 часот

q3

 

Радарска слика 18:30 часот q4

Радарска слика 18:45 часот

q5

Радарска слика 19:00 часот

q6

Сателитска слика 17:45 часот

q7

Сателитска слика 18:55 часот

q8

Извор: http://meteopro.mk/

Прегледи:
607
Објавено на:
06.08.2016