Категории

Ретки снимки од големата поплава на Скопје во 1962 година, во која немало жртви

Овие тешки денови не тераат да помислиме и на други катастрофи кои се случиле, а секако неминовно помислуваме на 16 ноември 1962 година, денот кога Скопје поради обилни дождови настрада од излевањето на реката Вардар од тогаш нерегулираното корито.

skopje-poplava

Иако тогашната поплава се смета за најголема во познатата историја на Скопје, односно во последниов век, во тогашната поплава немало жртви, но биле поплавени 5.000 куќи и била предизвикана голема материјална штета.

Поплавата како да била најава за уште поголемата и поразорна катастрофа – страшниот земјотрес што ќе се случи на 26 јули 1963 година.

По овие две катастрофи, Скопје повторно застанува на нозе благодарение на помошта која доаѓа од сите страни, а особено се памети несебичната помош од граѓаните од земјите на тогашната СФРЈ.

poplava 2(1)

Затоа, фотографиите и видео снимката подолу, нека бидат не само потсетник на еден страшен историски настан, туку и повик за сите македонски граѓани да не заборават што значи солидарноста во најтешките мигови.

  skopje poplava

poplava 1(1)

Прегледи:
4174
Објавено на:
08.08.2016