Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека денеска упати помош за Македонија во механизација и луѓе за санирање на последиците од поплавите предизвикани од временските неприлики.
Како што се наведува во соопштението, околу 20 припадници на пожарникарскоспасувачките единици на српската полиција тргнале кон Македонија за да помогнат на граѓаните.
Помошта се состои од повеќе теренски возила и камиони со неопходна опрема и пумпи. Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ сам понудил помош околу заштитата на граѓаните и санирање на теренот.
Црвениот крст на Србија определи посебна сметка на која фирмите, граѓаните, институциите во Србија кои сакаат да помогнат може да донираат парични средства кои ќе бидат префрлени на македонскиот црвен крст за набавка на неопходните производи за загрозените жители.