Категории

Помоќни зборови од познатото „Те сакам“

Веројатно изјавата „Те сакам“ звучи како најмоќната реченица на светот. Тоа е онаа реченица која сите сакаме да ја слушнеме како доказ на љубовта, но сепак постојат некои реченици кои повеќе би сакале да ги слушнеме. Изјавата „Те сакам“ ни дава надеж дека во нечие срце имаме свое место, дека сме важни во неговиот живот. Најчесто оваа фраза ја користиме на почетокот на врската, а со неа покажуваме допаѓање за нечие однесување, изглед, сите совршени или несовршени мали нешта кои го сочинуваат еден човек. Секој од нас сака да биде сакан, но уште повеќе сака љубовта да биде покажана на дело, а не само со зборови. Токму затоа многу повеќе од самата фраза „Те сакам“ кажуваат некои други изјави кои укажуваат дека за успешна врска е потребно многу повеќе од љубов.

„Ќе ти простам“
– Ќе ти ги простам сите ненамерно изговорени зборови по твојот напоредн работен
ден.
– Ќе ти ги простам сите оние моменти во кои не сме биле свесни дека сме се
повредиле еден со друг.
– Ќе ти простам сите големи и мали нешта.
„Ќе се жртвувам“
– Ќе го жртвувам своето слободно време за нешто што ти сакаш да го правиш.
– Ќе останам покрај тебе додека се грижиш за нашето бебе иако рано наутро треба
да одам на работа.
– Ќе направам нешто убаво за тебе бидејќи си настинат/а.
„Ќе те почитувам“
– Ќе те почитувам поради тоа што си.
– Ќе ги почитувам твоите чувства, ставови, мислења, верувања и личност.
– Ќе ги почитувам твоите желби и соништа и ќе направам сѐ за да ги исполниме
заедно.
„Ќе те поддржувам“
– Секогаш ќе те чувам како капка вода на дланка.
– На мене можеш да се потпреш и секогаш ќе ја добиеш мојата поддршка.
– Ќе ти помогнам да „станеш“ кога ќе „паднеш“.
„Ќе те заштитувам“
– Ќе ја чувам нашата љубов.
– Ќе те штитам тебе и себе од оние кои не ни мислат добро.
‐ Ќе бидам твое засолниште.
– Ќе бидам некој на кој ќе можеш секогаш да му веруваш.
Најважно во животот е да ги чувате луѓето кои ви простуваат, кои ве поддржуваат, кои ве
креваат кога паѓате, кои се многу повеќе од самото „Те сакам“.

Прегледи:
324
Објавено на:
09.08.2016