Ким Џонсон е австралиска танчерка и ѕвезда на австралиската емисија “Танц со ѕвездите”, а на 31 јули оваа година се омажи за канадскиот бизнисмен со хрватско потекло, Роберт Херјавец.
Четириесетгодишната Ким и педесет и три годишниот Херјавец во брачните води “запловија” во Беверли Хилс, каде се одржа нивната венчавка од бајките, на која настапи Оливија Њутн Џон, а се појавија и голем број на познати имиња.
Заљубената Ким веднаш по венчавката, на социјалните мрежи го промени своето презиме во Херјавец. Медниот месец одлучија да го поминат на Бора Бора, а Ким на Инстаграм се пофали со фотографии во костим за капење.
Освен што се пофали што стана госпоѓа Херјавец, Ким на долната облека го напиша презимето на својот сопруг.
Роберт Херјавец е милионер, чија вредност се проценува на 200 милиони долари, заедно со живеалиштето во Торонто. Роден е во Вараждин, а неговите се преселиле во Канада кога имал 8 години.