Прекрасната пејачка Селена Гомез блесна на насловната страна на австралиското издание на магазинот “Vogue”, а во интервјуто разговараше и за своите љубовни проблеми.
“Некое време, мојот приватен живот беше единственото нешто за кое се зборуваше. Никој не може да знае сѐ, но луѓето и онака ќе претпоставуваат. Сакаш да го работиш она што го сакаш, но сето тоа останува во сенка, па луѓето потешко те сфаќаат сериозно”, започна 24 годишната Серена, реферирајќи на нејзината повеќегодишна врска со Џастин Бибер.
Но, љубовната приказна со младиот Канаѓанец е минато, а целата своја енергија таа ја насочи кон својата “Revival” турнеја, со која поминува одлично.
“Тоа е сѐ само привремено. За жал или за среќа, јас прифатив дека тоа е моментално мојот живот”, вели оваа убава бринета.
Таа призна дека моментално нема време за нова љубов, но дека тоа не ја спречува да се забавува. Исто така, таа откри дека славните момци не се нејзин тип, но сите останати се плашат да и пријдат.
“Мислам дека мажите мислат дека е глупаво да излегуваат со мене. Никој не сака да се доведе до ситуација да има љубовна врска која е толку јавна, а и зошто би?”, заклучи таа.