Интернетот, социјалните медиуми и културните промени донесоа поголеми предизвици и можности за пазарувањето како практика и како вештина. Сè повеќе потрошувачи бараат поголема инволвираност од брендовите и знаат многу повеќе за примероците што ги сакаат дури и пред тие физички да пристигнат во продавницата. Шопингот е хоби, забавно поминато време во сурфање по модните содржини, а денешните потрошувачи повеќе од кога било очекуваат поголемо искуство и повозбудливо доживување.
Сега е вистинското време за ревидирање на стилот на Last minute sale-понудите на Скопје сити мол и можност за внесување свежина со нови парчиња облека, весели, маркантни и стилски функционални комбинации, сега по навистина ниски цени.
Скопје сити мол добро ги познава и фокусирано ги следи потребите што постојано се менуваат.
Се обидува да ги пресретне и да ги предвиди сите големи очекувања и високи стандарди и на најпребирливите потрошувачи, внимателно стимулирајќи го вистинското сетило што ќе придонесе до вистинска и потполна забава – пазарување на попуст до -70%!
За чевлите од вашите соништа, за кои во почетокот на сезоната моравте да платите 6.200 денари, сега со 70% попуст ќе платите само 1.860 денари. Цена од вашите соништа!
Во периодот од 10 до 21 август Скопје сити мол за своите потрошувачи ќе овозможи вистински фестивал на модата со неверојатно ниски цени до -70% попуст, во одредени продавници, на одредени парчиња облека.
Во над 150-те продавници потрошувачите ќе уживаат во најдобрите летни понуди на некои од најдобрите локални и интернационални брендови и ќе се забавуваат со актуелните стилски комбинации и новите модни искуства.
Со Last minute sale Скопје сити мол одново потврдува дека е најавангардното и највозбудливо модно жариште, кое ја поддржува познатата потреба да се негува добриот вкус по одлични цени.