Категории

СИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА Е ДЕБЕЛА, А ТАА ИМА САМО 44 КИЛОГРАМИ: ЗА ОВАА ЖЕНА ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ!

Гимнастичарката од Мексико предизвика вистински хаос само со своето појавување на Олимписките игри во Рио.

Мексиканските гимнастичари се ретка глетка на големите спортски натпреварувања како што се Олимписките игри. Токму затоа сите очи биле вперени во 22-годишната Алекса Морено од Мексико којашто се натпреватуваше во пет дисциплини.

Но гимнастичарката висока 150 сантиметри и тешка само 44 килограми се најде на метата на критиките поради обликот на своето тело коешто драстично се разликува од нејзините колешки од другите земји.

– Ексклузивни фотографии од Алекса Морено на крајот од нејзината гимнастичарска вежба, беше првиот од навредливите коментари на Twitter којшто беше проследен со илустрација од цртаниот филм Пепа Прасе.

 

 

А во уште еден навредлив коментар порачаа дека Алекса има тело на две гимнастичарки и дека пред доаѓањето во Рио требало да се придржува кон некаква диета.

За среќа, негативните коментари на друштвената мрежа Twitter биле реткост помеѓу оние позитивните, а и набрзо биле отстранети од оваа друштвена мрежа.

Обожавателите од Мексико пак потенцираат дека телото на Алекса е компактно и составено од мускули, а дека нејзините успеси се огромни со оглед на фактот дека голем број на млади луѓе завршуваат на улица и се занимаваат со криминал.

 

– Алекса, те сакаме и горди сме што имаме мексиканска гимнастичарка на Олимписките игри. Продолжи да вежбаш, веруваме во тебе, порачаа нејзините навивачи.

Прегледи:
477
Објавено на:
13.08.2016