Категории

Пет трикови со очите, по кои веднаш ќе ви се доближи дечкото кој ви се допаѓа

За сите оние срамежливи девојки кои имаат проблем да му пријдат на симпатијата, со овие 5 трикови тоа ќе биде минато.

1. Шмекерка

Откако ќе го погледнете дечкото кој ви се допаѓа, земи длабок здив. Не брзајте. Почекај да ве погледне и насмевнете му се.

2. Погледнете го под око

Упатете поглед во негов правец, но не воспоставувајте директен контакт со неговите очи. Набљудувајте како се однесува. Дали ве гледа, дали се врти. Потоа е време за следниот чекор.

3. Погледнете го додека се смееете

Обрни сега внимание, не смее да изгледа како да го гледате и да му се смеете него, туку да изгледа како да вистински се забавувате. Тоа испраќа порака дека сте дружељубива и достапна. Насмеаната девојка е секогаш привлечна. Затоа зборувајте со другарките, наздравете и упатете му насмеан поглед.

4. Кога ќе ти се насмевне, упати твој поглед

Ако му се допаѓаш, по директниот поглед – ќе те погледне и тој тебе. Може дури и да се насмевне. Тогаш е време да му го упатиш твојот поглед. Погледот кој во филмовите главната девојка го прави кога знае дека го држи дечкото во шака.

5. Не бегајте

Однесувајте се нормално. Можеби ќе ти пријде храбро, а можеби ќе чека да се издвоиш од останатите. Ако сакаш да тргнеш до шанкот да нарачаш нова пијачка, потруди се тој да те забележи дека одиш таму. И кога ќе тргнете обавезно свртете се и погледнете го. Ако му се допаѓте веднаш ќе ви пријде.

Прегледи:
573
Објавено на:
18.08.2016