Нашиот еден и единствен. Би било клише да напишеме светски, а наш – но факт е дека нема ниту конкуренција ниту некој кој може да му се доближи на 1000 чекори до популарноста, а со оваа фотографија повторно ја цементираше своја доминација.
И додека домашните џет – сетерки се „потепаа“ од јавување во порталите и весниците со приказна дека некој им купил „101“ роза, нашиот Боки 13 и тие кои искрено го обожуваат покажаа дека изненадување не се нарачува, сензација си самиот, а розите кога станува збор за роденденот на Боки не смеат да бидат помалку од 1000. Уште ако имаат порака „ 1001 роза“ тогаш може да заклучиме дека на нашиот Бојан и тоа како му цутат рози во љубовниот живот.
Екипата на Македонија денес ти посакува уште многу години вакви среќни родендени.