Емилија Џорџ работела како стујардеса на многу приватни летови. За британското списание “Telegraph”, одлучи да открие што се случува во приватните авиони на богатите лиѓе кога летаат високо над Земјата.
“Кога можете да си дозволите приватен лет, парите не ви се проблем. Имате вечера од милион фунти, салати од 700 долари, па дури и теретна во авионот или “дискотеки” со шипки на кои девојките можат да играат.” – изјави Емилија.
Честопати се соочувала со барања кои морала да ги исполни. Била сведок на концерт на еден бенд, организиран за добредојде, и плаќале такси од 500 фунти само за да оди да го подигне кавијарот. Дури и се случило присилно да слетаат, затоа што патниците имале желба да јадат од МекДоналдс.
Неморалните понуди се дел од работата. Најлошо и било кога богатите луѓе ја допирале и без срам и нуделе интимни дружења. Исто така знаеле ненајавено да и влезат во хотелската соба.
Но, оваа работа има и позитивна страна. Емилија добивала скапи подароци, шминки, облека и бројни ВИП влезници.