Филипинскиот рибар, чиј што идентитет не е познат, во близина на островот Палаван пред десет години пронашол бисер тежок дури 34 килограми. Тој не можел ниту да претпостави дека бисерот вреди 100 милиони долари и го чувал во својата дрвена куќа за среќа.
Неодамна во неговата куќа избил пожар, па морал да се исели и да ги земе со себе сите работи. Рибарот го однел бисерот кај една туристичка службеничка во местото Пуерто Принсеск, која што останала шокирана кога утврдила дека станува збор за вистински бисер кој што бил пронајден во гигантска школка.
Бисерот е широк 30,5 сантиметри и долг 67 сантиметри, па во споредба со него, досегашниот најголем бисер на светот е тежок 6,4 килограми и вреди „само“ 35 милиони долари.
Рибарот го фрлил сидрото кое што за време на бурата се заглавило. Потоа забележал дека сидрото е под голема школка и нурканл за да го извади, па со себе ја понел и школката. Тоа се случило пред 10 години“, раскажува туристичката работничка Ејлин Синтија Амурао која што додава дека рибарот не знаел колку вреди бисерот, па го чувал дома „за среќа“.
https://www.youtube.com/watch?v=Je_njpb5AoA
„Се шокиравме кога го донесе. Сега ни е потребна помош од експерти за скапоцени камења за целосна потврда и проценка. Чекаме потврда од Институтот за скапоцени камења и од меѓународни експерти, но веруваме дека Пуерто Принсеск ќе ја добие престижната титула и ќе стане рекордер поради најголемиот природен бисер изваден од гигантска школка“, вели Амурао.
Таа истакна дека бисерот ќе остане на Филипините и изрази надеж дека тој ќе привлече уште повеќе туристи на тоа место. Бисерот денес бил изложен пред очите на јавноста. Досегашниот рекорд го држеше „Лао Це бисерот“ кој што бил пронајден во далечната 1934-та година исто така во близина на островот Палаван.
Тој бисер денес е изложен во Њујорк како дел од колекцијата на Рипли – „Верувале или не“.